Филипче: Се враќаат на работа медицинските сестри кои беа ангажирани на определено време

Од утре, 40-те медицински сестри се враќаат на работа, најави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека договорите со кои медицинските сестри биле ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје, им се продолжуваат.

-Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи!, пишува министерот на Фејсбук.