Финска конфискуваше скапи руски уметнички дела

LinkSense.mk

Финската царинска служба денеска соопшти дека го стопирала враќањето на уметнички дела вредни околу 42 милиони евра во Русија поради санкциите на Европската унија и најави дека ќе се консултира со Брисел како понатаму.

Минатиот викенд царинските служби заплениле три транспорти на слики, статуи и антиквитети кои им биле позајмени на музеите во Италија и Јапонија, а враќањето се вршело преку Финска.

Сами Ракшит од финската царина рече дека уметничките дела се сметаат за луксузна стока и се предмет на санкции кои Европската унија ги донесе против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Запленетите уметнички дела остануваат во сопственост на Русија и ќе се чуваат под надзор на финската агенција за наследство, соопштија царинските службеници.

Руската новинска агенција Москва го цитираше руското Министерство за култура, кое објави дека уметничките дела биле позајмени во Италија и се од колекцијата на водечките руски музеи како што се Ермитаж и Царско село во Санкт Петербург и Московската галерија Третјаков.

Делата кои беа стасани од Јапонија се сопственост на Државниот музеј за ликовни уметности Пушкин.

Финската царина сомничи десетина лица за кршење на санкциите.

Минатиот месец, два музеи во Милано рекоа дека се подготвени да вратат неколку позајмени уметнички дела на руските музеи кои побарале предвремено враќање.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)