Флорида во пламен

Гувернерот на Флорида, Рик Скот прогласи вонредна состојба поради повеќе од 100 пожари кои се во моментов активни во таа југоисточна американска држава.

Решението е донесено со цел повеќе државни ресурси да бидат во можност да се вклучат во гасењето на пожарите или да можат да доставуваат храна на жителите погодени од стихијата.

„Прогласив вонредна состојба на Флорида за да се осигурам дека сме подготвени да одговориме на пожарите и да се подготвиме за нови“, изјави Скот.

Шумската служба на Флорида соопшти дека моментов огнови има на 105 места, а дека 23 од нив зафатиле површина од околу 40 хектари.

Временската прогноза во следните неколку месеци предвидува топло и суво време, така што се очекуваат и нови пожари.

„Важно е сега да превземеме акции за справување со огнената стихија“, рече гувернерот.