Фон дер Лајен: ЕУ на 200 милиони евра ќе ја зголеми хуманитарната помош за Авганистанците

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска вети дека ЕУ ќе ја зголеми својата хуманитарна помош за Авганистанците од 50 на повеќе од 200 милиони евра.

Таа во објава на Твитер порача дека денеска ќе разговара со лидерите на Г7, по што во текот на денот ќе објави за „зголемување на хуманитарната поддршка за Авганистанците, во и околу земјата, од буџетот на ЕУ од сегашните 50 милиони евра на повеќе од 200 милиони евра“.

„Оваа хуманитарна помош ќе го надмине придонесот на земјите-членки за помош на народот во Авганистан, нагласи фон дер Лејен.

Британските медиуми пренесуваат дека портпаролот на ЕУ соопшти дека помошта ќе зависи од почитувањето на човековите и правата на жените.

Од тоа ќе се одреди колку пари ќе заминат директно во Авганистан или кон соседните земји.