Македонија од ЕУ ќе добие 119 илјади вакцини

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер соопшти дека од ЕУ на Македонија ќе и бидат доставени 119 илјади дози вакцини.

„Ние сме покрај нашите партнери од Западниот Балкан, како што му кажав на Зоран Заев, 119.000 дози вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно“, наведе Фон дер Лејен во објавата на Твитер.

Овие вакцини се дел од 651 илјада дози на „Фајзер“ наменети за здравствените работници и ранливите групи од земјите од Западен Балкан, што ќе бидат набавени со финансиски средства на ЕУ и испорачани во државите од регинот.