Фон Дер Лајен: Нема извоз за АстраЗенка

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека АстраЗенека повеќе не може да извезува вакцини против Ковид-19 од Европа во други региони сè додека не ги исполни своите договори со Европската унија.

Мислам дека на АстраЗенека и е јасно дека мора да го испочитува договорот што го има со земјите-членки на ЕУ пред да почне повторно да извезува вакцини, рече Фон Дер Лајен по состанокот на Европскиот совет.

Таа нагласи дека обврска на ЕУ е да им покаже на своите граѓани дека и тие ќе го добијат својот фер удел во дистрибуцијата на вакцините и оти затоа компаниите се должни да ги почитуваат нивните договори со ЕУ пред да извезуваат во други региони.