Форматот на трките во Ф1 пред ремонт?

Последните години се водат полемики за форматот на Формула 1 и како да се привлечат млади гледачи.

Поранешниот светски шампион, возачот на Мекларен, Џејсон Батон, неодамна предложи да се возат кратки трки, затоа што видел како младите Јапонци ја прифатиле кратката игра „Pokemon go“.

Пионерот на Формула 1, Берни Еклстон, пак, предложи промена на форматот на ова натпреварување, според кое место една, би се возеле две кратки трки.

berni-eklston

„Беше голема гледаноста на трката во Бразил, иако таа долго траеше. Поради силен дожд и неколку судари таа беше прекината во два наврати, но луѓето се вклучуваа да видат што се случува. Мораме да се позанимаваме со традиционалниот концепт на една долга трка. Предлагам да се возат две трки од по 40 минути, со пауза од 40 минути во која возачите ќе можат да дадат изјави, а механичарите да работат на возилата, сигурен сум би ги привлекле гледачите, телевизиските компании, спонзорите“, рекол Еклстон за „Сандеј тајмс“.

Формула 1 неодамна доби нов сопственик, американската компанија „Либерти медиа“. Еклстон рекол дека добра идеја за Формула 1 е да го следи американскиот модел, но дека не знае дали тој спорт е подготвен да прифати радикални промени.

„Не знам дали имаме храброст за голема промена. Времињата се менуваат и за тоа мораме да бидеме свесни. Сите американски спортови имаат тајм-аут, да и се даде време на публиката да се концентрира на случувањата на теренот, изјавил Еклстон.

mercedes-formula-3