Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Францускиот предлог не е прифатлив за сите земји членки на ЕУ
Македонија

Францускиот предлог не е прифатлив за сите земји членки на ЕУ

ноември 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Франција го искажала својот став за реформата на преговарачкиот процес на денешниот министерски состанок во Брисел, но не сите земји членки на ЕУ се задоволни со француските предлози, порача денеска финската министерска за европски прашања, Тити Тупураинен.

Францускиот предлог, меѓутоа, не беше предмет на денешната дебата на Советот на општи работи на ЕУ, на дневен ред беше само размена на ставови на темата.

Од друга страна, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Австрија и Италија, од Европската Комисија инсистираат на конкретна перспектива за членство во ЕУ за земјите од регионот и се согласуваат за реформа на процес доколку Северна Македонија и Албанија добијат преговори во март 2020-та.

„Ги поздравуваме предлозите на сите земји членки, денеска не разговаравме за францускиот предлог, имавме округла маса за состојбата во која се наоѓаме, го слушнавме францускиот предлог, некои го поздравија, некои изразија загриженост, сега чекаме новата Европска Комисија да го започне својот мандат што е можно побрзо и да предложи идеи за напредок во методологијата, изјави на прес конференцијата финската министерка и претседавач со денешниот состанок.

За финското претседателство е важно денеска да се испрати сигнал до регионот дека ЕУ останува „целосно посветена“ на проширувањето и на европската перспектива на западниот Балкан.

„Повторивме дека е потребно реформите во земјите од Западен Балкан да продолжат и да се подготват следните чекори за напролет, рече Тупураинен.

Советот на ЕУ мора да чека новата Европска Комисија да стапи во сила, најрано на први декември годинава, за да и наложи да изготви нови предлози за реформа на методологијата. Тупураинен не можеше да каже дали новата методологија ќе се однесува на земјите кои веќе преговараат со ЕУ, односно Србија и Црна Гора. За тоа мора да се чека ставот на Европската Комисија која како чувар на повелбите е овластена да го интерпретира правото на ЕУ.

„Не е вистина дека ништо не правиме, да не правевме ништо, немаше да ја имаме темата на дневен ред денеска, овој период е специјален затоа што има институционална транзиција, одговори финската министерка на новинарско прашање.

 

 

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно ЕУ земји предлог Франција членки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.