Хакирани веб страниците на министерствата за здравство и за образование

– Веб страниците на министерствата за здравство и за образование и наука се хакирани и не функционираат. Од двете министерства ја потврдија информацијата.

-Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме. Нашата комуникација со медиумите ќе се одвива преку привремената е-маил адреса: przdravstvo2020@gmail.com, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека сите прашања медиумите ќе може да ги испраќаат на споменатата адреса и тие ќе бидат одговорени во најбрз можен рок.

И од Министерството за образование информираа дека се работи на нормализирање на функционирањето на сајтот по хакерскиот напад.