Хан: Иванов мора да го почитува исходот од изборите

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со коментар се јави на „Твитер“.

„Во однос на последните случувања во Македонија: „Сите лидери, вкучително и претседателот, мора да го почитуваат исходот од неодамнешнтие избори. Во една демократија, парламентарното мнозинство мора да биде признаено дури и ако тоа не му се допаѓа. Оттука, очекувам сите лидери и институции, во интерес на граѓаните да дозволат да течат демократските процеси“, напиша вечерва еврокомесрот Хан на својот твитер профил.