Хаос на источната граница на ЕУ: Германија бара запирање на мигрантите

LinkSense.mk

Германија ја повика Европската унија да превземе мерки за да помогне да се запре бранот бегалци на полската граница кои доаѓаат од Белорусија.

Полска или Германија не можат само да се справат со тоа“, изјави министерот за внатрешни работи Хорст Сехофер за весникот „Билд“, повикувајќи ја Унијата да завземе заеднички фронт.

Мораме да и помогнеме на полската влада да ја осигура надворешната граница. Тоа би требало да биде работа на Европската комисија. Сега ја повикувам да превземе мерки“, нагласи тој.

Тој повик Сехофер го упати откако Полска објави дека го одбила обидот на стотина мигранти илегално да ја преминат границата од Белорусија, но и истакнала дека илјадници други и понатаму се собираат.

Хорст Сехофер вели дека ја поддржува одлуката на Полска за подигање на ограда на границата со Белорусија.

Не можеме да ја критикуваме за тоа што ги брани надворешните граници на Европската унија. Не, се разбира, користејќи огнено оружје, но да со други достапни начини“, дециден е германскиот министер.

Илјадници мигранти се собраа на белоруско-полската граница обидувајќи се да влезат во Унијата. Брисел го обвинува режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека го оркестрирал доаѓањето на мигрантите на источната граница на ЕУ откако Унијата воведе санкции против Минск заради брутална репресија кон опозицијата. Лукашенко таквите обвинувања во целост ги отфрла.

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен, изјави вчера дека белоруските власти со искористувањето на мигрантите заради притисок на Европската унија нема да ги исполнат своите цели.

Вон дер Лејен рече дека разговарала со премиерите на Полска, Литванија и Латвија, Матеуш Моравјецки, Ингрид Шимоните и Кришјани Каринш, за мерките што Унијата би можела да ги превземе за да им помогне да се справат со кризата.

Таа ги повика државите членки да ги прошират санкциите против белорускиот режим „заради овој хибриден напад“.

Најави дека Комисијата ќе разговара со специјализирани агенции на Обединетите нации за начини на спречување на хуманитарната криза и како да се осигура сигурно враќање на мигрантите во земјите од каде што дошле.