Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хелбах: Иванов мора да дозволи парламентарното мнозинство да формира влада
Македонија

Хелбах: Иванов мора да дозволи парламентарното мнозинство да формира влада

март 10, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потребно е брзо формирање влада посветена на итните реформски приоритети со цел земјата да ја надмине политичката криза и да се врати на евроатлантскиот пат, порача специјалниот ополномоштеник на германското МНР за Југоисточна Европа и Турција, Кристијан Хелбах, по разговорите во рамки на дводневната посета на Скопје.

Тој изрази уверување дека претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе дозволи парламентарното мнозинство да формира влада.

Хелбах истакна дека неговата посета на Македонија има за цел да ја изрази германската посветеност на иднината на земјата и ја реафирмираше поддршката за евроатлантскиот пат што е, рече, во согласност со претходните изјави на еврокомесарот Јоханес Хан и на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

„Убедени сме дека претседателот ќе покаже мудрост и ќе ги почитува резултатите од неодамнешните избори и ќе му дозволи на мнозинството во Парламентот да формира влада што е можно поскоро. Парламентот мора да биде способен по оваа долготрајна криза да ја преземе својата работа со цел да се посвети на итните прашања пред кои е исправена земјата“, посочи германскиот дипломат.

Според него, реформскиот процес е од централно значење за земјата бидејќи на луѓето им се потребни работни места, социјална сигурност, владеење на правото, ефективни мерки против корупцијата. Тој упати повик до сите вклучени страни да се воздржат од покренување прашања кои создаваат поделби кои не се поврзани со овие приоритети.

Воедно, ги повика сите партии да дејствуваат одговорно со цел да се избегнат потенцијални тензии.

Хелбах е загрижен од негативната реторика кон организациите на граѓанското општество и кон меѓународната заедница и ги повика партиите да се воздржат од таков говор.

Од голема важност е, напомена, Специјалното јавно обвинителство да ја продолжи својата работа во соработка со независно, кредибилно судство.

„Како вистински пријател Германија се надева дека политичката криза ќе биде наскоро надмината за што е потребна конструктивна политичка волја од сите учесници“, рече Хелбах.

актуелно германски дипломат Кристијан Хелбах мнозинство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.