Херцеговците од денес вооружени до заби

Во херцеговско-неретванскиот кантон можете да поседувате пет пиштоли и седум ловечки пушки. Тоа го овозможи Законот за оружје и муниција кој го усвои Собранието на кантонот.

Истиот закон во Кантонот Сараево на физичко лице му дозволува да може да има само еден пиштол и еден револвер со уредно издадени дозволи.

Во Херцеговина едно лице од сега може да има цел арсенал од оружје.

Со членот 19 од Законот за оружје и муниција во херцеговско-неретванскиот кантон еден човек може да поседува дури пет пиштоли или револвери и седум ловечки пушки.

Така, едно четиричлено семејство во својот дом може легално да има 48 парчиња оружје.