Хилари Клинтон го поддржа Бајден за претседател на САД

Соперничката на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година, Хилари Клинтон, даде поддршка номинација на демократот Џо Бајден за кандидат за претседател на изборите на САД годинава.

Својата изјава таа ја даде на заедничка онлајн средба со Бајден оддржана денеска на која тие дискутираа за ударот на Ковид-19 врз жените.

Меѓудругото, Клинтон, поранешен американски државен секретар, истакна дека имала чест да работи со Бајден повеќе години и дека таа забележала како тој може да ги обединува луѓето.

-Замислете колку ќе прави разлика да имате вистински претседател, а не таков кој глуми претседател на телевизија, истакна таа, критикувајќи го противникот кој ја победи во 2016 година.

Поддршката на Клинтон доаѓа еден ден откако Бајден беше поддржан и од Ненси Пелоси, водечка демократка и спикар на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес.