Девојче од Пенсилванија поминало низ ужасна физичка тортура пред да умре, по неколкумесечно мачење од страна на нејзиниот татко и маќеата, пишува „Дејли Меил“.
Малинда Хогланд (12) беше пронајдена „едвај жива“ од полицијата на 4 мај, откако нејзиниот татко, Рендал Хогланд, повикал Итна медицинска помош тврдејќи дека со велосипедот удрила во дрво.
Девојчето, кое тежело само 22 килограми, починало неколку часа по пристигнувањето во болницата, каде вработените биле шокирани од нејзината состојба. Малинда имала големи модринки по телото, неколку скршени коски и оштетување на црниот дроб.
Хогланд (52) и неговата свршеница Синди Ворен (45) се обвинети за нејзината смрт два дена подоцна.
„Дејли Меил“ ги прегледал социјалните мрежи на двојката и таму, истакнуваат авторите на текстот, можело да се види дека Малинда исчезнала од Фејсбук профилот на нејзиниот татко на почетокот на јануари, додека парот продолжил да објавува слики од деветгодишниот Гавин на Ворен, за кој полицијата вели дека не бил малтретиран.
На последните фотографии од малото девојче објавени од Рендал, таа изгледа изнемоштено додека покажува нешто што изгледа како божиќен подарок. На една слика, нејзината рака изгледа како да е со модринки. Потоа Хогланд објавувал слики само со Гевин, во кино, на автомобилски трки и со извидници.
Хогланд, на 16 март, напиша: „Гавин денес имаше одличен ден со извидниците.
Тој го освои првото место за ‘Мечкино дувло’. Не можеше да биде повозбуден и погорд. Ти честитам пријателе.“
Синди Ворен на Фејсбук објавувала фотографии исклучиво од Гевин, а само еднаш споделила слика од Малинда – во декември 2020 година.
Претходно, во 2009 година, таа признала вина затоа што не го спречила поранешниот сопруг да го претепа нивниот син Исаија, кој тогаш имал три години, за што маж и бил осуден на седум години затвор.
Нејзиниот поранешен сопруг, Мекинли Ворен Џуниор, одлежува од 25 до 50 години за злоставување на дете, но и за убиство на својата двегодишна ќерка од претходната врска.
Полицијата вели дека Малинда во декември била одведена од училиште и често врзувана за мебел во подрумот.
Официјалните лица рекоа дека девојчето се појавувала пред камерите на онлајн предавањата, но било врзано со ремени, надвор од видното поле.
Избришаните видеа пронајдени на електронските уреди на Рендал и Синди, наводно, го покажуваат степенот на злоставувањето што го претрпело девојчето.
Некои од видеозаписите, од системот на камерите во домот, покажуваат дека Малинда била врзана со лисици на мебелот и дека татко и и маќеата вербално ја навредувале преку звучници.
На други видеа, наводно, се гледа дека Малинда е принудена да спие на подот, врзана со синџири, без перница или ќебе и ѝ било кажано да не очекува појадок, ручек или вечера.
Насилниците, наводно, ги избришале своите пораки пред да се јават на бројот за Итна медицинска помош, но пронајдените пораки покажале дека разговарале за влошената состојба на девојчето.
Во еден разговор споменат во изјавата на Обвинителството, Ворен му кажува на Хогланд да ја „однесе“ Малинда во болница наместо да се јави да дојде Брза помош.
Двајцата, меѓу другото, се обвинети за обид за убиство, напад и грабнување.
Инспекторите велат дека се можни дополнителни обвиненија, вклучително и убиство. Задржани се во притвор со кауција од 1 милион долари.
Прашани за повредите на Малинда, Рендал и Синди, наводно, тврделе дека тие се резултат на несреќа со велосипед и од удар од друго дете на лизгалка.
Кога ги прашале за нејзината слабост, рекле дека таа со месеци континуирано губела на тежина и заради тоа планирале да ја однесат на лекар, пишува „Дејли Меил“.







