Хороскоп за 22 ноември: Ракот преокупиран со финансиски грижи, Јарецот размислува за деловни понуди

LinkSense.mk

ОВЕН

Не почнувајте нови работи. Покрај недостатокот на конвентрација ќе направите грешки заради кои, во следниот период, ќе се занимавате со поправка на стореното. Искористете го денот за дружење со помалку запоставените пријатели и со семејството.

БИК

Брзоплето донесувате одлука која ви нуди само времено решение. Иако знаете дека работите не одат онака како сте посакувале, се задоволувате со моментно решение. Идеално би било кога би можеле се да одложите да си дадете себе си време уште еднаш добро да размислите.

БЛИЗНАЦИ

Денес се можни неочекувани семејни напнатости и тоа најверојатно заради финансии. Реагирајте стрпливо и не влегувајте во расправи затоа што решението доаѓа побрзо отколку што очекувате. Во текот на попладнето ќе стигне вест за прилив на пари на кои никој не сметал.

РАК

Преокупирани сте со финансиски грижи. Многу нешта не зависат од вас па заради тоа не е мудро да се оптеретувате со работикои вие не можете да ги решите. Бидете стрпливи, конкретна помош ќе стигне од близок пријател кој најверојатно се наоѓа во странство.

ЛАВ

Концентрацијата денеска ви е на високо ниво. Активноста на полето на комуникациите може да ви послужи за лични цели, а посебно на љубовен план. Внимавајте, веројатно не забележувате дека саканото лице се обидува да ви соопшти нешто многу важно.

ДЕВИЦА

Време е за мал одмор. Сепак, не си дозволувајте себе си премногу опуштање. Искористете го денот да ги исчистите заостанатите обврски. Освен тоа, идеален момент е да ги обновите старите контакти со пријателите кои, во изминатиот период, ги запоставивте.

ВАГА

Одлучни сте во тоа да не се мешате во туѓу работи. Сепак, некој ви се доверува, а не сте сигурни дали тоа треба да ве импонира, или тие информации можат да ви направат проблеми. Ако не се тргнете на време, работите можат значително да излезат од контрола.

ШКОРПИЈА

Покренете акција и искористете ја својата вродена дипломатија. Само вие можете да ја решите замрсеноста која одеднадеш се направи во вашата работна средина. Бидете одлучни затоа што само на тој начин ќе ги постигнете своите цели.

СТРЕЛЕЦ

Го губите времето во обидите да соберете група луѓе која би де ангажирала за заедничка цел. Проблемот не е во тоа што тие не сакаат да соработуваат со вас, туку е препреката во тоа што не гледаат сите на ист начин, она што вам ви е толку кристално јасно.

ЈАРЕЦ

Иако чувствувате по кој пат треба да оди вашиот понатамошен професионален развој, вие и понатаму се премислувате. Ако ја прифатите секоја понуда во овој момент, дури иако не е на прв поглед примамлива, долгорочно ве чека значајно придвижување, особено на финансиски план.

ВОДОЛИЈА

Денот ви донесува прилика да ја поправите состојбата на работа. Меѓутоа, тоа ќе донесе само времено олеснување, затоа што уште многу работа има пред вас. Употребете ја својата деловна упорност, сфатете го тоа како вложување во време кое треба да дојде.

РИБИ

Нема смисла да терате правда ако од тоа немате никаква корист. Согледајте ги туѓите аргументи и во нив пронајдете ја причината за да попуштите во своите ставови. Бидете внимателен во сообраќајот, особено ако се подготвувате да тргнете на долг пат.