Министерството за здравство соопшти дека според извештаите што дневно ги добива од болниците, во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, во болницата во Штип има 53 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес 31, во Куманово 95 пациенти, во ковид-центарот во Охрид 60, во Прилеп 70, во Гостивар 39, во Струга 36 болни.
Во болницата во Струмица се хоспитализирани 53 пациенти, во Кочани и Кичево по 18, Кавадарци 30, Гевгелија 14, а во Дебар има шест пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, соопшти Министерството за здравство, наведувајќи дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.