Хојт Брајан Ји: Итно да се формира нова влада

САД се заинтересирани за стабилноста и за просперитетот на државите во регионот, изјави во Загреб заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји.

Ји ги повика сите страни во Македонија да бидат подготвени на компромис и да се формира нова постизборна влада.

„Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формира влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија ѝ треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската Унија“, изјави Ји.

Во однос на регионот, тој истакна дека од клучно значење е да се продолжи со реформите и да се достигнат европските стандарди, за земјите да продолжат на евроатлантскиот пат.