Хојт следната недела во Скопје

Заменикот на помошникот на државниот секретар за Европа, Хојт Брајан Ји, ќе допатува во понеделник, на 1 мај, во Скопје, каде што ќе се состане со политичките лидери во Македонија.

Според неофицијалните информации, планирано е Хојт Ји да има повеќе состаноци.

Стејт департментот минатата седмица побара итна деблокада на изборот за претседател на Собранието и формирањето на влада, и најави санкции за политичарите кои би постапувале спротивно на тоа.