Хоџа: Владата не размислува за кадровски промени

LinkSense.mk

Владата во моментов воопшто не разговара за какви било кадровски промени.

Фокусирана е на реформскиот процес и на имплементацијата на Преспанскиот договор, на членство во ЕУ и НАТО, соопшти денеска владиниот портпарол Муамед Хоџа.

Неговиот колега, Миле Бошњаковски, се надоврза, нагласувајќи дека Владата останува транспарента и отчетна во однос на нејзиното работење и трошењето на народните пари.

„Ќе дојде денот кога и политичките ангажмани ќе бидат дел од евалуација што ќе ја спроведе премиерот Зоран Заев, рече Бошњаковски, одговорајќи на новинарски прашања.