Хоџа: Не сакам да бидам министер во Влада кога еден од партнерите ви забива нож во грб

LinkSense.mk

Продолжуваат внатрепартиските консултации во БЕСА до утврдување на конечното решение за наредните чекори на партијата, рече генералниот секретар на партијата, Аријанит Хоџа на прес конференцијата која штотуку заврши.

Како што кажа Хоџа, во случајот станува збор за непочитување на коалициски партнер и за „нож од зад грб“ и оти одлуката на БЕСА нема да зависи од пресудата на Управниот суд во врска со одлуката на ДИК.

Зборуваме за тотално непочитување на коалициски партнер кој цела година истрпил сѐ и сешто за да може државата да оди напред…Во влада, ваква каква што е, јас лично нема да бидам министер. Не можам да се гледам на маса со луѓе кои се подготвени нож од зад грб да му стават на коалициски партнер“, рече Хоџа.

Реакциите на БЕСА следуваат откако ДИК прифати еден од двата приговора од ДУИ за Желино, што е доволно за да има прегласување. Преговорите се однесуваа за несовпаѓање на отпечатоците од прст и на гласањето на еден избирач со неважечка лична карта.

БЕСА има четири пратеници, чие евентуално напуштање на владејачката коалиција би можело да ја урне владата, со оглед на парламентарното мнозинство од 62 пратеника.