Хрватската полиција заплени 32 килограми хероин

На граничниот премин Бајаково, на влез во Хрватска, полицијата заплени 32 килограми хероин.

Дрогата е пронајдена во автомобил со бугарски регистерски таблички.

Возачот, шеесет и едногодишен државјанин на Бугарија, е уапсен и против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и промет со дроги.

На преминот Бајаково кон крајот на октомври „паднаа“ повеќе од 47 килограми хероин. Дрогата тогаш беше во возило, исто така, со бугарски регистерски ознаки. Таа заплена беше рекордна за оваа година.