Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хрватска блокира имот на Руски државјани: Запленети вили, шуми…
Европа

Хрватска блокира имот на Руски државјани: Запленети вили, шуми…

април 23, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Хрватска почна да го блокира имотот на санкционираните Руси, пишува „Вечерњи лист“, наведувајќи дека се конфискувани руски куќи, викендички и шуми, а блокирани се и сметки на фирми.

Врз основа на европските санкции против Русија, Хрватска го замрзнала имотот на сопругата и сестрата на Алишер Усманов, еден од најбогатите Руси, на Пељешац, а решенијата веќе се објавени во јавните регистри.

Се чини дека хрватските власти во лоцирањето на руските имоти во голема мера се воделе по пишувањето на порталот „Остро“ (Oštro), кој е единствениот од Хрватска кој учествува во меѓународниот новинарски проект „Russian Asset Tracker“, и кој во рамки на таа соработка открива и бележи имоти на луѓе блиски до Владимир Путин.

Имено, порталот „Остро“ откри дека зад офшор компаниите и хрватските фирми со ограничена одговорност, кои се запишани како сопственици на спорниот недвижен имот на Пељешац, се кријат Ирина Винер-Усманова, сопругата на Алишер Усманов, и Гуљбахор Исмаилова, сестра на истиот олигарх.

Ирина Винер-Усманова е прославен руски тренер по ритмичка гимнастика, а Пељешац, наводно, го посетувала уште во времето на СССР и СФРЈ, па и останал во убаво сеќавање, заради што пред 15 години го замолила својот богат сопруг да и купи куќа и хотел во Оребиќ, во кој на подготовки би носела ритмички гимнастичари. Блокадата на имотот во нејзиниот случај се однесува на фирмата „Кисик“ д.о.о., а блокадата на имотот поврзан со сестрата на Алишер Усманов се однесува на „Сутвид“, на северната страна на средината на полуостровот Пељешац.

Освен блокадата на овие имоти веднаш до морето, на Пељешац, кои се поврзани со олигархот Усманов, „Вечерњи лист“ најде докази и за блокада на куќа во Мали Лошињ, во сопственост на фирма во која член на управен одгор е Маја Токарева. Таа е ќерка на Николај Токарев, претседател на „Транснефт“, кој, исто така, е под санкции на Европската унија.

Во судскиот регистар за компании и во Катастарот засега нема индиции дека Хрватска има намера да ја блокира вилата на Виктор Векселберг, уште еден руски олигарх кој на времето се фалел со куќа во „Лозица“, атрактивен дел на Дубровник.

Исто така, нема индиции дека врз основа на санкции било што се случува во Шипан, каде пријатели на Путин ја реновирале вилата Катино и уредиле огромен имот, а „Вечерњи лист“ на почетокот на март цитираше информиран, неименуван извор кој тврди дека таа инвестицијата е изградена за Дмитриј Медведев како таен вистински сопственик.

актуелно Владимир Путин Дмитриј Медведев Дубровник Пељешац русија хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.