Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ оцени дека тероризмот е сериозна и голема закана на современиот свет, а Хрватска е членка на НАТО и Европската унија и за тоа посебно мора да се води сметка.
„Нашата полиција ги подигна мерките на претпазливост, и со тоа даваме допринос за безбедноста на хрватските граѓани“, рече Пленковиќ и потсети дека Хрватска ќе добие нова безбедносна стратегија.
Пленковиќ ги осуди терористичкиот напад во Берлин и убиството на рускиот амбасадор во Турција.
Директорот на полицијата Марко Срдаревиќ во вторникот, веднаш по случаите во Германија и Турција, донел оперативна одлука за подигнување на нивото на приправност во целата земја од втор на трет степен, од вкупно четири.