Хронично болните се враќаат на работа по предлог на Комисијата за заразни болести

Враќање на работа на хронично болните лица, освен за оние кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста, предложи изутрината Комисијата за заразни болести.

За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, соопшти Министерството за здравство, отсуството ќе трае до 31 декември 2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа.

За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата.

Предлог-одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија. а