Хуманитарен Божикен концерт

LinkSense.mk

Хорот „Св. Злата Мегленска“ вечерва во црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје го одржа традиционалниот хуманитарен концерт „Божик-слава“.

Покровител на концертот е сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја Иванова.

Собраните пари ќе им бидат поделени на лица од ранливите категории и на децата со посебни потреби.

Обраќајќи се пред присутните на почеток на концертот, Иванова истакна дека треба да се постапува кон другите луѓе онака како што сакаме другите да постапуваат со нас.

„Треба да сме подготвени да си простиме и несебично да си помагаме, бидејќи сме упатени едни на други“, рече Иванова.

Таа, меѓу другото, додаде дека овој систем на вредности треба да биде водилка во животот.

На концертот присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, свештеници и верници.