ЦДУ загуби во изборната единица каде што победуваше Меркел

Во изборната единица во Мекленбург, Западна Померанија, во која актуелната канцеларка Ангела Меркел осум пати беше неприкосновена и освојуваше директен мандат, на годинешниве парламентарни избори победата ја однесе кандидатката на социјалдемократите, Ана Касауцки.

Меркел во оваа изборна единица победуваше од 1990 година.

Кандидатот за пратеник од редовите на ЦДУ, Георг Гинтер, го освои дури третото место, зад претставникот на десничарската Алтернатива за Германија.

На парламентарните избори демохристијаните остварија најлош резултат досега.

(Фото: ЕПА)