Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари

LinkSense.mk

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) по 71 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,386 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,213 денари.

Како причина за новите малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за 4,856  отсто, кај дизелот за 4,802, кај екстра лесното масло за 4,821, и кај мазутот за 4,320 отсто, како и за 0,205 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

 

 

МИА