Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас: Северна Македонија ги исполнува критериумите за почеток на пристапни преговори со ЕУ
Македонија

Ципрас: Северна Македонија ги исполнува критериумите за почеток на пристапни преговори со ЕУ

јуни 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Одложувањето на пристапните преговори за Северна Македонија беше, не под изговор дека Северна Македонија не ги спроведе реформите, туку главно од процедурални причини, вели премиерот на Грција Алексис Ципрас во интервју за третиот канал на грчката државна телевизија, ЕРТ3, во врска со заклучоците на ЕУ за нашата земја и објаснува дека оваа одлука се должи на неможноста германскиот Парламент да даде одобрение, „бидејќи се затвора за летните одмори и не можеше тоа да се случи на завчерашниот самит“.

– Климата, како што сфатив, е едногласна перцепција, позиција и став на шефовите на земјите членки на ЕУ, како што беше изразено од Европскиот совет, дека во текот на 2019 и веројатно во октомври, ќе започне пристапниот процес,  бидејќи соседот ги исполнува потребните критериуми и реформи. Знаете, отпочнувањето на пристапниот процес секако не значи членство. Има долг пат, многу реформи и многу поглавја да се отворат, вели Ципрас.

Во интервјуто за ЕРТ3, со седиште во Солун, грчкиот премиер говореше и за Договорот од Преспа, рече дека решавањето на името со северниот сосед го зголеми кредибилитетот на Грција“ и изрази уверување дека „и последниот грчки граѓанин што скептично и загрижено гледаше на Договорот или беше против, сега почнува да сфаќа колку овој договор беше важен за националните интереси на Грција.

Овој негов став, Ципрас го поткрепи со аргументот дека ако не постоеше договорот, воздушниот простор на Северна Македонија ќе го надгледуваа турски Ф16 и немаше да има турски Ф16 само во Егејското Море, туку и на северната граница.

-Би сакал да потенцирам дека сите оние кои беа против нас и дури и нѐ нарекоа предавници, денес, сфаќаат колку е важен, за одбрана на нашите национални интереси, фактот дека постигнавме решение на овој проблем и таму каде што имавме „трн“ на нашата северна граница, сега имаме земја пријател, а нашите вооружени сили се таму за да ја поддржат, рече Ципрас и додаде дека се чувствува целосно оправдан за постигнатиот договор.

Паралелно,  грчкиот премиер говореше и за „големата хипокризија  на политичките сили“ во Грција, кои беа против Договорот од Преспа.

-Гледаме дека оние кои ни помалку ни повеќе, тогаш речиси и нѐ нарекоа предавници, ни помалку ни повеќе, говореа за предавнички договор, сега, господинот Мицотакис, што му вели на грчкиот народ? Дека ако биде избран, она што ќе го направи е едноставно да го надгледува верното почитување на овој, меѓу другото, предавнички договор. Ако е предавнички договор, тогаш зошто да го надгледува верното почитување? Гледаме голема хипокризија што не би требало со толку голема неодговорност да ја покажуваат оние кои сакаат да дојдат на одговорни позиции, оние кои се стремат да ја земат судбината на земјата во нивни раце, вели Ципрас во интервјуто за ЕРТ3, пренесе МИА.

Истите аргументи и истите критики до лидерот на Нова демократија, грчкиот премиер ги спомена и за време на неговиот синоќешен предизборен митинг во Флорина (Лерин).  Рече дека Мицотакис преку ноќ ја заборави националната линија и позицијата на неговата партија само за да улови глас повеќе, а се осврна и на позитивните аспекти на Договорот од Преспа.

-Сакаме една Грција што ќе биде светилник на пријателството, мирот, соработката и единството на народите на Балканот. И сакам одовде од Флорина, да се осврнам на договорот што беше толку навредуван, да се осврнам на историскиот договор што се роди овде во вашиот дел, во историската Преспа. Договор кој ја враќа нашата историја, историјата на античката грчка Македонија и става крај на иредентизмот и национализмот. Договор кој ги зближува двата народа, кои ништо не ги дели. Два народа кои треба да живеат мирно и братски на нивниот заеднички пат кон напредок, просперитет и мир. Овој историски чекор, пријателки и пријатели, ги оправдува илјадниците наши сонародници од вашата област, на кои со децении апсурдноста на национализмот буквално им го уништи животот, рече грчкиот премиер осврнувајќи се на договорот меѓу двете земји.

актуелно исполнување критериуми северна македонија ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.