Чесите ја „окупираа“ Полска

LinkSense.mk

Многу Чеси деновиве навалија во полските продавници откако полската влада привремено го укина ДДВ за низа основни намирници. Чешките весници го нарекоа тоа „шопинг лудило“, а некои навалицата ја опишаа како мала „миграција на луѓе“.

Во Полска, од 1 февруари, некои основни прехранбени производи, како лебот, месото и млечните производи се ослободени од ДДВ, мерка што треба да биде на сила во наредните шест месеци.

Оваа мерка е како одговор на наглиот пораст на цените. Стапката на инфлација достигна 8,6 отсто во декември 2021 година.

Ова важи речиси за сите“, изјавил чешки купувач од пограничниот град Чешки Тешин за весникот „МФ Днес пред продавница во полскиот град Чиежин.

Многу чешки купувачи ги наполнија резервоарите на своите автомобили во Полска, бидејќи Варшава привремено го намали данокот на гориво од 23 на осум проценти. Во исто време, трговците на мало во чешкиот пограничен регион се жалат на големи загуби од продажбата.

Кај нас сега најмногу купуваат половина леб“, рекол за весникот „Блеск продавач од местото Петровиц. Чесите кои одат на шопинг во Полска веројатно се делумно мотивирани и од наглиот пораст на цените дома во последно време. Цените во декември се пораснаа за 6,6 отсто во однос на истиот месец во 2020 година.