Честитка од Македонскиот полициски синдикат за Денот на Армијата

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев во лично и во име на сите членови на синдикатот, по повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, денеска упати честитка до армиските припадници.

„Вашето несебично залагање и посветеност во време на прогласена пандемија од КОВИД-19, го докажуваат и потврдуваат Вашиот професионализам и придонесуваат кон унапредувањето на мирот и на безбедноста за сите граѓани, се вели во честитката, во која им посакува
среќа и успех, како во личните, така и во професионалните ангажмани“.

„Нека Ви е честит Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18-ти Август“, се додава во честитката упатена од претседателот на МПС Марјан Кицев.