Четири лица повредени во сообраќајка во Тетово

LinkSense.mk

Четири лица се повредени синоќа околу 20 часот во сообраќајна незгода помеѓу три возила на улицата „Илинденска“ во Тетово.

-Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила:„бмв” со тетовски регистарски ознаки управувано од Е Б.(21) од тетовско Селце, „ауди” со скопски ознаки што го управувал Б.Л.(35) од Република Албанија и „бмв” со германски ознаки управувано од Е М.(44) од гостиварски Градец. Во несреќата, четири лица здобиле телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, по што биле пуштени на домашно лекување, информираше СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.