Човековите права во Саудиска Арабија – тема на разговорот Блинкен – ал Сауди

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вчерашниот телефонски разовор со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал бин Фархан ал Сауди го
повтори барањето за почитување на човековите права во Саудиска Арабија.

Блинкен и ал Сауд разговараа и за регионалната соработка и за минатомесечниот напад врз танкерот „Мерсер стрит“, за кои Вашингтон го обвинува Иран.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека тие исто така разговарале и за зајакнување на безбедносната соработка и саудиската поддршка за постигнување на мир во Јемен и решавање на тамошната хуманитарна криза.

Блинкен и ал Сауд не разговарале за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година. Во американскиот разузнавачки извештај од февруари се наведува дека саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, ја одобрил операцијата за убиство на Кашоги.

Бајден ја повлече и американската поддршка за операциите на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен, но не прифати воведување санкции против бин Салман.