„Шаоми“ ќе произведува електромобили

LinkSense.mk

Во септември, „Шаоми“ ја заврши регистрацијата на подружница која ќе се занимава со производство на електромобили.

Регистрираниот капитал на новата компанија – „Шаоми квиче“ (Xiaomi Qiche), е 10 милијарди јуани (околу 1,3 милијарди евра).

Претседателот на Одборот на „Шаоми“ – Леи Џун е одобрен како законски застапник.