Децата од прво, второ, четврто и петто одделение чиишто наставни материјали се менуваат, нема да останат без учебници.
МОН заедно со Бирото за развој на образование од први септември има подготвено материјали со цел да се задржи континуитет на учебниците и тоа само за првите два месеци, и тие навреме ќе бидат доставени до учениците и ќе бидат обезбедени од министерството, уверува министерот за образование Јетон Шаќири.
Тој, во вечерашното гостување во „Жешко политичко лето” на Канал 5 ТВ рече дека сите учебници за учениците кои учат по стариот концепт ќе бидат навремено доставени.
Шаќири нагласи и дека учебниците за трето, шесто, седмо, осмо и деветто одделение, како и за средно образование ќе бидат доставени до почетокот на учебната година.







