Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска: Македонија изоде долг пат, се надеваме на членство во НАТО
Македонија

Шекеринска: Македонија изоде долг пат, се надеваме на членство во НАТО

јуни 8, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Во пресрет на Самитот на НАТО министерката Шекеринска имаше средби со колегите од земјите членки – Германија, Белгија, Холандија и Италија.

Министерката разговараше и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.

Од своите колеги Шекеринска побара поддршка за членство на Македонија во НАТО, посочувајќи дека сегашниот момент не треба да се пропушти бидејќи таква можност нема да се повтори во скоро време.

На средба со германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лејен беше заклучено дека соработка меѓу двете земји е на високо ниво и со взаемно разбирање. Шекеринска се заблагодари за континуираната поддршка од Германија во реформските процеси во одбраната и за влез во НАТО. На средбата со министерот за одбрана на Кралството Белгија Стивен Вандепут беше потврдена високата соработка и беше заклучено дека таа треба да се продлабочува и унапредува во континуитет.

На средбата со министерката за одбрана на Кралството Холандија Анк Билјевелд-Шоутен, Шекеринска изрази задоволство од холандската поддршка за членство на Македонија во НАТО и ја истакна подготвеноста за интензивирање на соработката. Во разговорот со италијанската колешка Елизабета Трента, беше искажана поддршка за реформскиот процес и за членството на Македонија во НАТО.

Македонија беше посочена како добар пример за исполнување на обврските на патот кон евроатлантските интеграции и како позитивен сигнал за регионот.

Заедничката порака на Шекеринска до сите министри беше дека Македонија заслужува да стане 30 – та членка на НАТО. „Внесовме нов дух во односите со соседите. Отворивме дијалог и ги решаваме сите спорни прашања. Потпишавме договор за добрососедство и пријателство со Бугарија и сме на пат да го решиме 27 годишниот спор за името со Грција. Немаме други незатворени билатерални или гранични прашања“, порача Шекеринска во Брисел.

На состанокот на НАТО предводен од Столтенберг во чиј фокус беше мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, министерката рече дека Македонија од почетокот на 2018 година го зголеми своето учество и дека поддршката ќе продолжи. Шекеринска ги информираше министрите и генералниот секретар на НАТО дека новата демократска влада во Македонија превзеде сериозни реформи во сите области вклучително и во одбранбениот сектор.

„Македонија изоде долг пат, и направи голем скок во интегративните процеси, што го потенцира нашиот кредибилитет како полноправен член на НАТО алијансата во блиска иднина. Се надеваме на членство во НАТО кое ќе биде признание на нашите напори и ќе ја зајакне безбедноста во регионот“, порача министерката за одбрана.

авганистан актуелно Брисел македонија НАТО шеќеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.