Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска: Поголем буџет за одбраната и повисоки плати за вработените во 2019-та
Економија

Шекеринска: Поголем буџет за одбраната и повисоки плати за вработените во 2019-та

ноември 23, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Зголемен буџет за реформи во одбранбениот сектор во пресрет на членството во НАТО, е предвиден за 2019 година, информира министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Буџетот за одбраната во 2019 ќе изнесува 8,3 милијарди денари. Тоа е зголемување на буџетот за 2019 година за 0,24 проценти од БДП, а во однос на ребалансираниот буџет за 2018, зголемувањето е за 33,36 проценти.

Приоритети на буџетот во одбранбениот сектор ќе бидат квалитативно зајакнување на персоналот, опремување на АРМ согласно НАТО-стандардите и подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата.

Согласно заложбите што беа поставени за постепено зголемување на буџетот во одбраната од 2 отсто од БДП, што е согласно стандардите на НАТО, буџетот за следната година ќе достигне ниво од 1,19 проценти од БДП.

Предвидено е зголемување на платите на вработените во АРМ и Министерството за одбрана. Оваа година имаше 10-процентно зголемување на платите на вработените во Армијата кое се реализира од 1 јануари, а од септември следната година е предвидено петпроцентно покачување на платите и за вработените во АРМ и за вработените во Министерството за одбрана.

„Нема поголема гаранција за безбедноста и за економскиот просперитет на Република Македонија од членството во НАТО. Затоа членството во НАТО е еден од силните фокуси на Владата на РМ. Тоа е во исто време гаранција за добро опремена и силна армија, рече Шекеринска.

Таа нагласи оти се враќаме на стандардите кои пред 10 или 11 години беа изгубени, како во овој, така и во многу други сектори на функционирање на државата.

Потсети дека во јули 2018-та, Владата го усвои Стратегискиот одбранбен преглед, документ кој се смета за клучен податок за тоа каде ќе се движи македонската одбрана, во него се дефинирани правците за развој на целиот одбранбен сектор.

„Буџетот за 2019 ќе биде во поддршка на важните и крупни реформи кои произлегуваат од СОП, а пред се ќе значат модернизација и опремување на Армијата и исполнување на НАТО-стандардите во сите области на одбраната, нагласи министерката за одбрана.

актуелно арм НАТО одбрана плати
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.