Шестмина загинати во поплавите во Белгија

Вкупниот број на жртви во поплавите што го зафатија југоистокот на Белгија се искачи на шест, јави дописничката на МИА од Брисел.

По двете потврдени жртви ноќва, властите соопштија дека дополнителни четири безживотни тела се пронајдени денеска близу градот Вервие.

Повеќе куќи се урнати, а реката Меза почна да излегува од коритото.

Населението во Белгија масовно се организира за солидарни акции, властите повикуваат сите лица кои се загрозени да повикаат помош и да избегнуваат непотребно излегување од дома.

Сите други активности во државата се откажани, вклучително и владината седница за Ковид-19 која требаше да се одржи денес за носење на нови мерки.