Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шест децени од техничките факултети: Не постои општествена пора во која не придонел инженер
Економија

Шест децени од техничките факултети: Не постои општествена пора во која не придонел инженер

јуни 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Претприемничкиот дух и иновациите го движат светот, а нашата земја нема друг избор освен да чекори напред и да ги следи новите модерни трендови на дигиталното поврзување и трансформација. Наша цел е многу бргу да ја обезбедиме иднината на
техничките науки, преку финансирање опрема за лаборатории како предуслов за развој на капацитетите на научните работници и како можност за нови развојни проекти што произлегуваат од науката“, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното обраќање на свечената академија по повод 60 годишнината на трите технички факултети во Скопје.

Заев нагласи дека развојот на државата се темели на поддршката што ја даваат техничките факултети.

Дејностите за кои тие продуцираат кадри се исклучително важни зашто претставуваат основа за креирање нови работни места, нови вештини и нови бизнис модели на брзорастечки и конкурентни индустрии во глобалниот свет.

„Развојот на сите компании се потпира на знаењето на инженерите кои произлегле од овие три факултети: машинци, технолози, електро инженери има во секоја добра компанија како што се Алкалоид, ЕЛЕМ, ЕВН, Цементарница, Окта, винариите, пиварите, прехранбената индустрија, секаде,… Сите директни странски инвеститори прво доаѓаат на овие факултети за да се уверат во потенцијалите на човечките ресурси. Во таа насока, Владата заедно со академската заедница на овие три факултети и бизнис заедницата ќе продолжи да создава услови за да им ги отвори
перспективите и патот на успехот на младите луѓе“, истакна премиерот.

Рече дека нема да се задржува на минатото, туку дека сака да зборува за иднината.

„Државата финансиски зајакнува, јакнеме комплетно економски, нашата намера е да вратиме многу пари во знаењето преку опремувањето токму на овие, покрај другите факултети и универзитети во земјава. Од оваа година, дополнително, преку Буџетот се финансира и научно- истражувачката дејност во насока на проширување и континуирано унапредување, координација на субјектите за вршење на научноистражувачката дејност“, подвлече Заев.

Потсети и на првиот Научно – технолошки парк што го отвори пред неполни четири месеци Факултетот за електротехника и информатички технологии.

Во него, рече, веќе почнаа да се развиваат нови вештини, да се раѓаат нови идеи, да се креираат нови иновации и изуми на студентите и професорите од сите три технички факултети.

„Некои млади луѓе ќе ги почнат и своите старт-ап бизниси. Со еден збор ќе се трасира патот на нашата заедничка иднина – патот кон напредокот и дигиталната револуција“, напомена претседателот на Владата.

Трите технички факултети, Машинскиот, Технолошко-металуршкиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии на свечена академија одбележаа 60 години постоење.

На академијата, која се одржа во Македонската филхармонија, покрај премиерот Заев, зборуваат и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, како и деканите на трите високо образовни институции, Димитар Ташковски, Јон Магдески и Дарко Данев.

„Не постои општествена пора во која не придонел одреден инженер. Начинот на размислување и стилот на функционирање во светот на инженерите дава посебен и различен придонес во разнобојноста на општеството“, рече ректорот Јанкуловски.

Трите технички факултети го прославија јубилејот под мотото „Создаваме иднина“.

60 децении актуелно техничките факултети
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.