Шест жени, борци на Исламска држава, уапесни во Франкфурт

LinkSense.mk

Германската влада организираше враќање на десет жени и 27 деца од кампот за притвореници на Исламската држава во северозападна Сирија, а шест жени беа уапсени веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Франкфурт.

Главното државно обвинителство ги обвинува уапсените жени за припадност на терористичката организација Исламска држава, како и за злосторства против човештвото, како што е држење робови.

Германската министерка за надворешни работи рече дека жените, кои се на возраст од 23 до 36 години мора да одговараат за своите постапки.

Децата се жртви на Исламската држава и имаат право на подобра иднина далеку од терористичката идеологија“, истакна Баербок.

Таа напомена дека доведувањето жени кои имаат германско државјанство е „исклучително комплицирано“.

Сите жени и деца по падот на Исламска држава беа задржани во логор во северозападна Сирија, кој е под контрола на автономните курдски власти.

Баербок објасни дека ова е последната во серијата акции за доведување на германски државјани обвинети дека и служеле на ИД.

Тие отпатувале во Сирија и Ирак со нивните сопружници кои се бореле во редовите на терористичката организација. Најстарата од нив се соочува со обвинувања дека свесно чувала жена со потекло од Језид како робинка која повеќе пати била силувана од сопругот на уапсената.

Според германската влада, во курдските кампови има уште 20 други жени кои имаат германско државјанство.