Шефот на шведската десница не направи влада, на ред се социјалдемократите

Кандидатот на десницата за шведски премиер, Улф Кристерсон, вчера изјави дека се откажува од обидот да формира нова влада, после само два дена откако го доби мандатот по падот на владата на левиот центар.

„Парламентарните услови за формирање на нова десничарска влада не постојат“, им рече Кристерсон на новинарите.

Со оглед на составот на парламентот, ова беше и очекувано.

За да осигура поддршка, Кристерсон во средата вети великодушен пакет на реформи за рурален развој, но центристичката влада која беше клучна за формирањето на влада тоа не го прифати.

Социјалдемократот Стефан Лофвен, кој беше на чело на поранешната „тенка“ влада на левиот центар, загуби на гласањето за доверба минатата недела и поднесе оставка.

Се очекува дека мандатот за состав на влада сега повторно ќе го добие Лофвен кој ужива поголема поддршка.