Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шеќеринска: Македонија повторно се гледа како кредибилен субјект на меѓународната сцена
Македонија

Шеќеринска: Македонија повторно се гледа како кредибилен субјект на меѓународната сцена

септември 15, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Договор за набавка на 3.000 војнички пантолони, започната постапка за реконструкција на два објекта во касарната „Гоце Делчев“ и Илинден во Скопје, в раќање на фокусот во клучните реформи во одбраната и членството во НАТО, се дел од реализираните активности на Министерството за одбрана за кои денеска информираше министерката Радмила Шекеринска за сработеното во првите 100 дена.

„Затекнав екстремно намален буџет во Армијата, намален буџет во одбраната, недостиг на елементарни услови за секојдневни извршувања на обврските на војниците, застареност и неодржување на опремата, нарушени односи, рече Шекеринска.

Информираше за потпишани долгови од 82 милиони евра, а само на неколку дена пред заминување на старата Влада биле поништени, за недоволно пари за исплата на плати во Министерството за одбрана и Армијата, како и за отвореноста на тајните документите за службени патувања во земјава и странство за кои рече дека се трошело недомаќински, а од друга страна војската немала основни услови за работа.

Министерката рече дека и покрај заложбите на сите влади за членство во НАТО затекнала запрени реформи во одбраната и одлагање на сите клучни процеси.

Наместо секој ден залагање поблиску до посакуваната цел за членство во НАТО, секој ден со недомаќинско работење во одбраната се повеќе се оддалечувала од таа цел, истакна Шеќеринска.

Нагласи дека за овие три месеци вратен е фокусот во клучните реформи во одбраната и членството во НАТО.

„Се обврзав дека ќе се посветам и на зајакнување во меѓународниот углед и позиција за нашата држава и нејзината консензуална декларирана стратешка цел, членство во НАТО.

„Се обврзав дека ќе се посветам во обезбедување на неопходните реформи кои ќе ја зголемат нашата безбедност и кои ќе гарантираат професионална и ефикасна армија.

„Во изминатите 100 дена со задоволство можам да кажам дека Македонија повторно се гледа како кредибилен субјект на меѓународната сцена, истакна Шекеринска.

Меѓународната заедница и НАТО, додаде таа, ја препознаа нашата решеност да ја искористи оваа втора шанса после 11 години стоење во место.

„ НАТО е сериозна организација, нејзините членки се сериозни држави, а членството во таква организација се добива само ако исполните сериозни и тешки критериуми.  Членството во НАТО за Македонија значи многу повеќе во исполнување на зацртаната цел, членството значи сигурни и безбедни граѓани, значи постигнат економски раст кој носи и повисок животен стандард, рече Шекеринска.

Според министерката Македонија дека е сериозен партнер на НАТО го докажала со учеството во заедничките вежби и во мировните мисии за кои Македонија добива пофални зборови.

„ Предложивме, а Владата се согласи дека во идните буџети секоја година средствата определени за одбрана,  средствата определени за нашата безбедност  за членството во НАТО ќе се зголемуваат кон обврската за 2 проценти од БДП, информираше Шекеринска.

Министерката рече дека затекнала целосна блокада на процесот на изработка на стратегискиот одбранбен преглед, кој според неа, е клучниот документ за државата кој овозможува да градиме консензус во политиките на одбраната и којшто ќе  ја придвижува Македонија кон НАТО.

Информираше дека Министерството започнало да работи на тој документ и дека е обезбедена поддршка од САД, Велика Британија, Бугарија, како и НАТО Канцеларијата во Скопје.

„Негрижата на претходното раководство се откри и во нереализираната обврска согласно колективниот договор да се даде помош на семејствата на вработените коишто биле опфатени со поплавите.

Неправдата ја исправивме и ги обештетивме сите семејства, сите коишто страдаа за време на поплавите, истакна Шекеринска.

Таа информираше дека во изминатите недели разговарала со претставниците на четирите синдикати за лошиот стандард и услови за работа на војниците, а било констатирано дека заедничка цел е политиката за подобрување на состојбите која почнува на врвот на хиерархијата, да стигне до секој војник.

 

актуелно арм Гоце Делчев Илинден македонија НАТО скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.