Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шилегов: Легално во земјава не е внесен опасен отпад, но треба да се провери
Скопје

Шилегов: Легално во земјава не е внесен опасен отпад, но треба да се провери

јануари 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Според информациите со кои располагаме опасен отпад во земјава и во „Дрисла“ не е внесен, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, но сепак додава дека тоа треба да се провери и ги повикува и надлежните инстиутции и граѓанските организации да разменат доколку имаат информации за евентуални нерегуларности.

Ваков одговор даде градоначалникот денеска на прес-конференција по објавување на информацијата викендот дека во Бугарија е отворена истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери отпад од компанијата „Блацион“ ООД во сопственост на Блаже Игнатов и Горан Ангелов, кој е директор на депонијата „Дрисла“.

„Градот Скопје не е орган кој на каков било начин е поврзан со увоз на отпад. И прашањето е за Царинската управа. Она што јас го имам како информација е дека легално не е внесен отпад во „Дрисла“, рече Шилегов на прес-конференцијата на која соопшти дека со депонијата „Дрисла“ повторно ќе управува Градот Скопје.

Според него, ако нешто е добро во таа работа е што се однесува на соседна држава, а не се однесува на градот Скопје, но, истакнува дека не може да биде исклучив во ниту еден одговор на таа тема и ги повика и надлежните институции по преземањето на Дрисла и граѓанските асоцијација, кои имаат определени сознанија за евентуални можни нерегуларности да ги разменат за да се дојде до фактичката состојба.

Шилегов потенцира дека нема сознанија дали депонијата има дозвола од 2016 година да депонира опасен отпад, но рече дека сепак тоа е нешто што сака да се провери.

„Немам такви сознанија. Јас она што во меѓувреме го општев со Царинската урпава како официјален орган преку кој влегува таков опасен материјал, зборуваме за легален влез, за илегален не можам да одговорам, нема таков внес на отпад, но сепак е тоа нешто што сакаме да го провериме, потенцира градоначалникот Шилегов.

Како што јавија бугарските медиуми завчера, Обвинителството на Бугарија започнало истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад во пристаништето во Бургас од страна на компанијата „Блацион“ ООД, при што е утврдено дека содржината на отпадот се разликува од она што е декларирано на царинскиот документ.

МИА стапи во контат со управителот на „Блацион“ ООД, Блаже Игнатов и содружникот Горан Ангелов, кој поседува 15 проценти од компанијата, како и Италијанците Винченцо Трасари и Ецио Боче.

Игнатов посочи дека отпадот од пристаништето во Бургас требало да биде пренесен во Термоцентралата „Бобов дол“, но откако пристигнал отпадот, на бугарската ТЕЦ и истекла лиценцата за горење отпад.

Тој нагласи дека станува збор за пластика и гуми и оти тоа што е пронајдено – текстил, дрво, стакло, како што посочија од бугарското Обвинителство, е дозволено. Потенцираше дека тоа ќе го докажат и експертите откако ќе го испитаат отпадот.

Директорот на Депонијата „Дрисла“, Ангелов за МИА посочи дека не е вистина она што се наведува во бугарските медиуми и оти отпадот, доколку добие дозвола ќе се пренесе во ТЕЦ „Бобов дол“ или ќе се врати повторно во Италија.

На прашањето дали компанијата „Блацион“ ООД некогаш има остварено соработка со „Дрисла“, Ангелов рече дека никогаш немаат остварено соработка.

Игнатов истакна дека во земјата никогаш не бил увезен каков било отпад, бидејќи нема дозволи за тоа и дека тоа го работеле само во соседна Бугарија.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/179746126472583/

актуелно град радиоактивен отпад скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.