Шкотска ќе се отцепи од Велика Британија!?

Шкотските партии кои се залагаат за независност освоија мнозинство во шкотскиот парламент на изборите, што им дава можност да покренат прашање за втор референдум за напуштање на Велика Британија, јавува Ројтерс.

Според резултатите кои уште не се конечни, Шкотската национална партија (СНП) и Шкотската партија на зелените, кои ветија референдум за независност ако победат, освоија 65 од 87 места за кои досега се преброени гласовите, на изборите за парламентот со вкупно 129 пратеници.

За нов референдумот во Шкотска најповеќе се противи британскиот премиер Борис Џонсон, којшто порача дека ќе го одбие секое ново изјаснување затоа што тие веќе го поддржаа останувањето во заедништво во Обединетото кралство во 2014 година, додава Ројтерс.

(Фото: АП)