Шолц и Андерсон децидни: Македонија и Албанија мораат веднаш да почнат преговори со ЕУ

LinkSense.mk

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера изјави дека е потребно што е можно поскоро да започнат преговорите со Македонија и Албанија за полноправно членство во Европската унија со Македонија и Албанија.

Секое одложување земјите на Западен Балкан ги прави уште поранливи и подложни на влијанието на трети земји“, рече Шолц по средбата со шведската премиерка Магдалена Андерсон во Берлин.

Тој истакна дека и шведската премиерка и тој се сложни околу тоа дека преговорите со Албанија и Македонија треба да почнат „што побрзо“.

Шолц и Андерсон побараа и поправедна распределба на бегалците од Украина.

Германскиот канцелар посочи дека досега во Германија пристигнале над 300.000 бегалци од Украина, но дека сега треба да се солидаризираат и другите земји.

Досега огромното мнозинство бегалци од Украина побараа заштита во соседните земји, но и во Германија. Сега се работи за тоа и други земји да преземаат луѓе кои не знаат каде ќе одат во оваа ситуација“, рече Шолц.

Шведската премиерка Андерсон напомена дека Шведска не може да прифати толку бегалци како што беше случајот во 2015 година.

Ние тогаш презедовме 12 отсто од сите бегалци кои пристигнаа во Европа. Тоа повеќе не можеме да го сториме“, рече Андерсон.

 

 

 

 

(Фото: АФП)