Шолц најави енергетски бум

LinkSense.mk

„Германија сака да постигне огромен напредок во индустријата за водород, како дел од напорите да ги замени сопствените извори на енергија и постигнување на климатските цели“, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Опишувајќи го водородот како гас на иднината, Шолц во говорот по повод Денот на германските работодавачи вети дека Германија „ќе предизвика голем бум“.

Тој додаде дека земјата ќе обезбеди инфраструктура неопходна за увоз на целиот потребен гас до крајот на 2023 година и укажа на потребата од терминал за течен природен гас на брегот, чија изградба е во тек.

Шолц минатиот месец беше во Канада, кога двете земји потпишаа договор за долгорочна соработка во производството и транспортот на горивото на иднината, климатско неутрален „зелен“ водород, а биле водени разговори и за изградба на ЛНГ терминал на канадскиот брег на Атлантикот во следните пет години.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)