Шолц: „Путин, за жал, се уште не ја сфатил својата грешка…“

LinkSense.mk

„Рускиот претседател Владимир Путин опстојува на својот став за војната во Украина“, изјави во средата германскиот канцелар Олаф Шолц.

„За жал, не можам да кажам дека разбрал дека била грешка да се започне оваа војна“, напомена Шолц, коментирајќи го телефонскиот разговор со Путин одржан во вторникот, кој траел час и половина.

Но, Шолц нагласи дека сепак има смисла да се разговара со рускиот лидер за да се објасни ставот на Германија.

„Цврсто сум уверен дека Русија треба да ја повлече својата војска за да има каква било перспектива за мир во регионот.

И секој ден помислувам дека тоа е единствениот начин“, рече тој.

Тоа беше првиот разговор на Шолц со Путин по повеќе од три месеци.

Германскиот канцелар опстојува на идејата дека дипломатско решение и целосно повлекување на руската армија мора да се постигне што е можно побрзо.