Бројот на туристи кои минатата година ја посетија Шпанија порасна за 10 отсто, поставувајќи рекорд четврта година по ред, додека економските потешкотии и страв од терористички напади ги одвлекуваат туристите од ривалските медитерански дестинации.
Министерот за енергетика и туризам Алваро Надал вели дека минатата година 75 милиони туристи ја посетиле Шпанија.
Шпанија, најпопуларната европска туристичка дестинација после Франција, во 2015 година привлече повеќе од 68 милиони туристи.
Туризмот сочинува околу 11 отсто од шпанскиот бруто домашниот производ.