Врховниот суд на Шпанија соопшти дека се откажува од барањето за испорачување на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон од Германија.
Барањето бепе издадено врз основа на обвиненијата за јавни средства, кое се поврзува со неговата организација за забранетиот референдум за независност на Каталонија.
Германскиот суд минатата недела соопшти дека Пуџдемон може да биде испорачан на Шпанија по прашањето на злоупотребата на средства, но го отфрли барањето да им го предадае на шпанските власти заради обвиненијата кои се однесуваат на побуна.
Во април оваа година (не)очекувано регионалниот суд на покраината Швајслиг-Холстеин донесе одлука за пуштање на слобода на Карлес Пуџдемон со кауција од 75.000 евра.
Германскиот суд не ја прифати квалификацијата на шпанските колеги кои го бараат заради побуна затоа што сметаат дека такво обвинение не постои затоа што не била употребена сила, но останува на сила сомневањето за злоупотреба и малверзација со јавни фондови.
Пуџдемон до конечната одлука на германскиот суд ќе остане во Нојминстер, град на северот во кој поранешниот каталонски премиер ги помина затворските денови од апсењето.
Владата во Мадрид мошне воздржано ја коментираше ваквата одлука.
„Владата никогаш не го изнесува мислењето за судските одлуки, особено кога станува збор за судски одлуки во некоја друга држава. Секогаш ги почитува, сеедно дали и се допаѓаат или не“, истакна во таа пригода владиниот портпарол.







