Штајнмаер и Пендаровски прошетаа низ Чаршија и се видоа со Атиџе од „Медена земја“

LinkSense.mk

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во дводневна официјална посета на земјава, утрово заедно со неговиот домаќин, македонскиот претседател, Стево Пендаровски прошетаа низ Старата скопска чаршија.

Дождливото време не ги спречи двајцата претседатели да уживаат во архитектурата, амбиентот и дневната динамика на една од највпечатливите знаменитости на главниот град на Македонија.

Германскиот претседател посети дел од занаетчиските дуќани во чаршијата, каде сопствениците му ги презентираа вешто изработениот накит и слатките.

Штајнмаер и Пендаровски во Чифте-амам се сретнаа со екипата од македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој беше кандидат за „Оскар“.

Во агендата на германскиот претседател е и средбата со младинци, посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование, и посетите на ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западен Балкан, и на фабриката „Дрекслермајер“ во Кавадарци.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Независен весник“)